НОВУС ќе работи на промовирање и афирмaција на европски вредности и принципи

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ во наредниот период ќе работи на промовирање и афирмaција на европски вредности и принципи, но и запознавање на граѓаните со работата и структурата на институциите на ЕУ, фондовите, бенефициите и можностите што ги нуди Европската Унија.

Kлучен аспект во промоција е да се работи од локално ниво и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме држава, но и граѓани подготвени да ги споделуваат европските вредности. Друг важен аспект е навремено и точно да се информираат граѓаните што претставуваат сите овие аспекти од Европската унија и зошто е важно Република Македонија вклучувајќи ги и локалните заедници да биде дел од големото европско семејство и активно да ги користат достапните европските фондови. Токму неинформираноста во врска со Европската унија се главните проблеми кои што се присутни на национално ниво, но тие се уште поголеми кога станува збор за локалните средини.

Преку промоцијата на европските вредности, ќе се овозможи подобрување и унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократијата во РМ и хармонизирање со ЕУ.