НОВУС ги запозна младите со европските политики и институции

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ oрганизираше обука за запознавање на младите со европските политики и институции.

Обуката е дел од проектот за програмско јакнење на Здружението НОВУС и остварувањето на Цел 3. „Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики“ заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократијата во РМ и хармонизирање со ЕУ.

На обуката присутни беа 20 млади луѓе од средните училишта во општина Струмица, а предавач беше Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии „Еуротинк“.

Во наредниот период Центарот за истражување и анализи НОВУС ќе организира уште една обука со што ќе се комплетира сетот од обуки за јакнење на капацитетите на младите во поглед на запознавање на младите со европските политики и институции.