НОВУС го заврши циклусот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ ја организираше завршната обука за запознавање на младите со европските политики и институции

Обуките беа дел од проектот за програмско јакнење на Здружението НОВУС и остварувањето на Цел 3. „Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики“ заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократијата во РМ и хармонизирање со ЕУ.

На завршната обука присутни беа 15 млади луѓе од средните училишта во општина Струмица, а предавач и тренер беше Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии „Евротинк“.