НОВУС апелира надлежните институции да преземат мерки за намалување на загадувањето

Центарот за истражување и анализи НОВУС како општествена одговорна организација која во прв план ги има интересите на граѓаните и граѓанското општество, апелира до надлежните институции да преземат сет од мерки со кои ќе се намали загадувањето во општина Струмица и ќе се заштити здравјето на граѓаните.

Затоа предлагаме:
• Казнување на сите физички и правни лица кои користат материјали коишто го загадуваат воздухот и не ги почитуваат законските прописи поврзани со животната средина
• Запирање на сите градежни зафати на територија на општина Струмица
• Реорганизација на работното време на работниците кои работат на отворено
• Да се преполови употребата на службени возила во сите органи на државна управа
• Поттикнување и субвенционирање за гасификација на општината и руралните области
• Зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба
• Прифатилишта за сместување на бездомници
• Креирање на фунционална велосипедска патека и субвенционирање на велосипедит како превозно средство
• Набавка на прочистувачи на воздух во градинките, основните и средните училишта
• Изработка на план за подигање на еколошката свест
• Изработка на студија за да се утврди кои се најголемите загадувачи

Се надеваме дека надлежните институции ќе ги преземат неопходните мерки, бидејќи здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина нема никаква цена.