НОВУС е еден од 27-те добитници на грантови добиени во рамки на „Активирај“ Програмата за мали грантови

Центарот за истражување и анализи НОВУС е еден од 27-те добитници на грантови добиени во рамки на „Активирај“ Програмата за мали грантови што ја спроведува Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус во соработка со германскиот партнер Arbeiter-Samariter-Bund.

Главната цел на проектот е овие граѓански организации да бидат партнер на јавниот сектор било тоа да е на локално или национално ниво. Проектот ќе трае до мај 2019 година, а планирано е пет граѓански организации да се пратат на практиканска работа во Европската унија.