НОВУС ќе имплементира проект „Здружен, силен и динамичен граѓански сектор – силен коректив во процесите на креирање и спроведување на политиките на властите“

Центарот за истражување и анализи НОВУС како еден од 27-те добитници на грантови добиени во рамки на „Активирај“ Програмата за мали грантови што ја спроведува Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус во соработка со германскиот партнер Arbeiter-Samariter-Bund ќе го спроведува проектот „Здружен, силен и динамичен граѓански сектор – силен коректив во процесите на креирање и спроведување на политиките на властите“.

Примарна цел е да се создадат промени во креирањето и имплементирањето на локалните и националните политики и во таа насока да се донесат одлуки како основа за граѓанско демократско општество со еднакви можности за сите.

Покрај ова, споредни цели што ќе се постигнат со овој проект се:
– Зголемено ниво на партиципативност и влијание на граѓанскиот сектор во сите сегменти на општинските политики

– Градење и зајакнување на довербата и соработката помеѓу локалната власт и граѓанскиот сектор

– Развивање и унапредување на дијалог меѓу локалната власт и граѓанскиот сектор во функција на создавање услови за еднакви можности и третман на сите целни групи.

Проектот е предвидено да трае 10 месеци на територија на општина Струмица.