Интензивирање на соработката меѓу граѓанските организации, медиумите и властите и нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки е основа за партиципативна демократија

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка за јакнење на организацијата поддржан од ФООМ одржа тркалезна маса со претставници од граѓански организации, медиуми и локалната самоуправа. Целта беше да се дефинираат механизми со цел да се ефектуира и интензивира соработката меѓу засегнатите страни во процесот на креирање на политиките и донесување на одлуки.

На настанот се потенцираше дека општинската администрација треба да создаде уште поповолна средина за граѓанско учество, вклучително и добро воспоставени канали за ширење на информации, обезбедување на логистичка поддршка и водство низ процесот.

Покрај тоа, сите засегнати страни треба да се запознаени со методите за граѓанско учество и треба да знаат како да направат разлика помеѓу учество во донесувањето на одлуки и самото одлучувачко тело.

Како клучни проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации и медиуми ги истакнаа пред се недостаток на доверба меѓу нив и локалната самоуправа, ограничен пристап до информации и недостаток на мотивација и заложби за соработка.

На крај, беше заклучено дека отвореноста, отчетноста и довербата се клучни за максимизирање на учеството во демократските текови и процесите на донесување одлуки во општеството. Токму успешноста на општеството и локалните заедници во голема мера зависи од продуктивноста на партнерството меѓу граѓаните, граѓанското општество, социјалните партнери, медиумите, деловниот сектор и избраните претставници.