НОВУС организираше работилница за запознавање на младите со процесот на создавање бизнис план и како да се имплементира во пракса

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ организираше работилница за запознавање на младите со процесот на создавање бизнис план и како да се имплементира во пракса.

Во текот на работилницата, младите ги развиваа своите идеи, разговараа и се запознаа со основните елементи што треба да ги содржи еден бизнис план.

Со ова, НОВУС овозможува младите преку градење и развивање на претприемачки вештини да се јават на пазарот на труд силни и самостојни, без ризик од политички и други влијанија. Работилницата се одржа во просториите на Младински Совет – Струмица.