Новус изработи прирачник за човековите права

Новус изработи прирачник за човековите права

Во рамки на проектот за институционална поддршка што го спроведува Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица, кој што е финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија се изготви мини прирачник за човекови права кој што е дистрибуиран до релевантните институции и на јавни места до граѓаните на општина Струмица.

Прирачникот има за цел едукација на граѓаните за своите права кои им припаѓаат , почитувањето на правата на другите , еднаквоста и недискриминацијата како важен критички систем за поддршка и моќно средство за активно дејствување против сегашната општествена дезинтеграција, сиромаштија и нетолеранција коишто владеат низ целиот свет.

Овој прирачник е во рамки на цел 2 од овој прокт “Промоција и заштита на универзалните права и слободи на граѓаните, гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права, заради нивно соодветно интегрирање во општествените процеси без понатамошни политички влинјанија и во таа насока почитување.