НОВУС започнува со реализација на проектот “Партнерството мотор на демократијата”

Центар за истражување и анализи НОВУС започнува со реализација на проектот “Партнерството мотор на демократијата” во соработка со општина Струмица, во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од организацијата АЛДА – Европска Асоцијација за Локална Демократија,Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија.

Општата цел на проектот е да се придонесе кон унапредување на демократските процеси на локално ниво со можност за влијание врз целокупните демократски промени во државата, врз основа на засилено влијание и интервенции на граѓанските организации во креирањето и спроведувањето на општинските политики.

Проектот се стреми да придонесе кон поголема партиципативност и влијание на граѓанскиот сектор во сите сегменти на општинските политики,  да воспостави нови ефикасни системи и практики во спроведувањето на локалните процедури кои се однесуваат на креирањето и имплементацијата на локалните политики и унапредување на истите и да го развие и унапреди дијалогот помеѓу локалната власт и граѓанскиот сектор во функција на создавање услови за еднакви можности и третман на сите целни групи.

За таа цел на 09.05.2018 година се оддржа промотивен настан, а воедно и координативна средба со претставници од сите активни граѓански организации во регионот заради создавање на одржлив механизам на партнерство во функција граѓанските организации да станат активни чинители или фактори во процесот на креирањето, донесувањето и имплементацијата на општинските политики и во таа насока се потврди нивното делување како коректив на власта.