Новус спроведе тренинг за запознавање на младите од микро регионот за нивните младински права и младинско здружување

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ организираше тренинг за запознавање на младите од микро регионот за нивните младински права и младинско здружување.Тренингот се одржа во СОУ “Јане Сандански” на ден 14 Мај, а  беше имлпементиран во соработка со локалните средни училишта и факултети каде учество земаа ученици и студенти од истите.

Овој тренинг е во рамки на Цел 4 од проектот кој што значи зајакнување и унапредување на младите и младинските политики на локално, регионално и на национално ниво како двигателна сила на демократските процеси во РМ и во таа насока подготовка на младите луѓе преку градење и развивање на претприемачки вештини да се јават на пазарот на трудот силни и самостојни без ризик од политички и други влијанија во државата.