НОВУС изработи леток за придобивките од членство на Р.Македонија во ЕУ

Во рамки на проектот за институционална поддршка спроведуван од Центарот за истражувања и анализи НОВУС, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија, здружението изработи леток кој што содржи информации за придобивките што би ги имале граѓаните на Република Македонија со членство во Европската Унија.  Овој леток беше изработен врз основа на претходно изработен прашалник со цел акцентирање на стереотипите и подигнување на свеста на граѓаните од бенефитите кои би се уживале со членството во ЕУ. Исто така изработката на овој леток е во корелација со актуелноста и значењето на овој процес со што неговата дистрибуција би имала уште поголемо значење и влијание на граѓаните во овој регион. Летокот се дистрибуираше на територија на општина Струмица.

Оваа активност е дел од Цел 3:  Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики, заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократија во РМ и хармонизирање со ЕУ.