НОВУС изработи видео запис за значењето на членство во ЕУ

Центарот за истражување и анализи НОВУС, Струмица во рамки на проектот за институционална поддршка финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија изработи видео запис за подигнување на јавната свест за значењето на членството на Македонија во ЕУ.

Овој видео запис има информативна цел за тоа што како држава би имале бенефит доколку станеме членка на Европската Унија, кои би биле најголемите позитивни придобивки  за граѓаните од аспект на економска благосостојба, слобода на движење, можности за младите за квалитетно образование и работа, ефикасен јавен сектор и институции и изедначување со останатите членки на ЕУ. 

Оваа активност е дел од Цел 3: Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики, заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, човековите права и демократија во РМ и хармонизирање со ЕУ.

Видеото може да се погледне на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=GeE5F0W8NNQ