Центарот за истражување и анализи НОВУС организираше тркалезна маса на тема “Креирање екосистем и промоција на претприемништвото за економски развој на општина Струмица”

На 20 јуни 2018 година (среда), со почеток во 11.00 часот, во просториите на Домот на Армијата воСтрумица, се одржa тркалезна маса на тема ,,Креирање екосистем и промоција на  претприемништвото за економски развој на општина Струмица”, во рамки на проектот „Мобилизација и активизам во локалната заедница – Институционална поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија, во организација на Центарот за истражувања и анализи НОВУС –Струмица, а поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија.

На тркалезната беа презентирани инвестиционите можности за создавање на квалитетен екосистем и економски развој на општина Струмица и регионот од препораките за градење на Струмица како град,  тековните огласи и фондови за користење при Фонд за Иновации и технолошки развој, активните мерки и политики за вработување, ЕУ фондови и програми за користење на директни ЕУ средства за финансирање, а тема на дискусија беше и на новиот закон за инвестирање.

Учесници на тркалезната беа Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ,  претставник од Фондот за иновации и технолошки развој, Бисера Јордановска, консултантот за ЕУ фондови Ксенија Вангелова и Директорот на Центар за економски истражувања – Бизнис ангели и Capital Venture, Леонид Наков.

Дел од изјавата на извршниот директор на ЦИА НОВУС Ѓорги Милушев.

Фотографиите и изјавата се превземени од порталот Радио Струмица Нет.