Во рамки на проектот “Мобилизација и активизам во локалната заедница” Новус изготви видео запис за значајноста на граѓанскиот сектор во заедницата

Центарот за истражување и анализи НОВУС, Струмица во рамки на проектот за институционална поддршка финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија изработи видео запис за акцентирање на важноста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки, влијанието на граѓаните и организациите врз институциите и на тој начин подобрување на животот во локалните заедници.

Вклученоста на граѓанскиот сектор во носењето на политики и одлуки на локално ниво и национално ниво, соработката на организациите и државните тела и органи при овие процеси е основата на партиципативната демократија. На овој начин се зголемува транспарентноста на сите институции и граѓаните имаат директен увид и влијание кога станува збор за нивните права.

Со овој видео запис Центарот за истражување и анализи НОВУС сака да поттикне се поголема заинтересираност и активизам на граѓаните што на крај ќе доведе и до поголема контрола и транспарентност на самите институции.

Оваа активност е дел од Цел 5 од проектот : Потенцирање на важноста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки во процесот на креирање на локалните и националните политики, со конкретни предлози за промената на јавни политики во заедниците кои ќе не потврдуваат како коректив на властите во имплементацијата на демократските процеси во државата.

Видеото може да се погледне на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=sY1-cfWpMaQ