ЦИА НОВУС ја спроведува кампањата “Будење” во рамки на проектот “Партнерството мотор на демократијата”

Центарот за истражување и анализи НОВУС , во рамки на проектот “Партнерството мотор на демократијата” , финансиран од страна на Европската Асоцијација за локална демократија ( АЛДА) од Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија и Европското Движење, дел од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015 година, спроведува кампања “Будење ” како активност во овој проект со цел подигнување на нивото на свесност на граѓанските организации, граѓаните и општата популација за потребата од нивно учество во креирањето и спроведувањето на општинските политики во таа насока и силно влијание врз процесите на креирање и спроведување на политиките на властите, заради придонес кон унапредувањето на демократијата.

За таа цел беше изготвена брошура која беше поделена по релевантните институции и на граѓаните  заради пренесување на одредени информации за подобрување на темата која што е обработувана во кампањата.