Како против говорот на омраза во јавноста – право , пракса , примери , решенија

Почетна > Projects > Како против говорот на омраза во јавноста – право , пракса , примери , решенија

Тип: Конференција, Настан

Време: Декември 2014

Статус: Завршен

Албум: Албум

За проектот

Во просториите на дом на АРМ здружението „НОВУС“ реализираше работилница на тема „Како против говорот на омраза во јавноста – право, пракса, примери, решенија“. На работилницата имаше пријавено околу 20 млади, кои што преку интеракција и работа во групи идентификуваа говор на омраза во јавноста, како се поднесува жалба до комисијата за жалби при советот на етика и како да се реагира институционално и јавно. Воедно беа опфатени и законските аспекти, како и саморегулацијата за говорот на омраза во јавноста. Предавачи беа Петрит Сарачини и Славчо Миленковски од Македонскиот институт за медиуми (МИМ).