Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува повик за тројца ментори за учество во „Хакатон за политики“ – уникатна и иновативна активност во рамките на проектот „Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“, финансиски поддржан од NED (National Endowment for Democracy, како продолжение на Академијата за политичко образование. Оваа иницијатива е насочена кон развој на конкретни политики соодветни за македонскиот контекст, преку менторска поддршка и тимска работа, со цел изработка на прагматични решенија за важни општествени предизвици.
Хакатонот ќе се реализира преку практични, колаборативни состаноци, каде учесниците ќе работат во групи со тројца ментори (по еден за секоја група) во текот на два месеци. Целта е да се создадат прагматични решенија за специфични предизвици што ги засегаат нашите општествени услови, а истовремено ќе претставува вежба за развивање на креативноста и критичкото размислување кај учесниците.
Опис на улогата на менторите:
- Менторите ќе работат во групи со учесници во текот на два месеци (ноември – декември) за развој на политики кои се насочени кон конкретни општествени прашања.
- Тие ќе обезбедуваат стручна поддршка и насоки во процесот на осмислување и анализа на политиките, со цел креирање одржливи и иновативни решенија.
- Менторите ќе работат во соработка со организацискиот тим на НОВУС и останатите ментори за координација и успешно реализирање на хакатонот.
- На крајот на активноста, групите ќе ги презентираат развиените политики на финален настан во Скопје, каде ќе биде промовирана и брошурата со политики и препораки.
Клучни квалификации:
- Докажано искуство во областа на јавните политики, политички науки, право, општествени науки или сродни области.
- Искуство во менторирање, раководење со тимови или обучување на млади.
- Вештини за аналитичко размислување, креативност и решавање на сложени општествени прашања.
- Силни комуникациски способности и подготвеност за работа во динамично и креативно опкружување.
- Способност за работа во зададени рокови и на резултати ориентиран пристап.
Обврски на менторите:
- Менторирање на групи од учесници во текот на процесот на развивање на политики.
- Организирање редовни состаноци и активности за напредокот на тимот.
- Обезбедување на стручна поддршка, фидбек и насоки за практична примена на разработените политики.
- Учество на финалниот настан и поддршка при презентацијата на резултатите.
Апликациски процес:
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на contact@associationnovus.org ,најдоцна до 25.10.2024. Во мотивациското писмо, ве молиме да наведете ваши релевантни квалификации и мотивираност за учество како ментор во „Хакатон за политики“.
Ова е одлична можност за искусни професионалци кои сакаат да го споделат своето знаење, да ги водат младите и да придонесат кон реализација на иновативни решенија за подобро општество.