Спроведена работилница на тема “Младите и нивното вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво””

ЦИА НОВУС во рамки на проектот ”Силни и гласни млади – здрава и перспективна заедница”, на 19ти и 20ти Октомври организира работилница на тема “Младите и нивното вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво”, каде младите имаа можност преку креативни вежби да се запознаат на кој начин можат да бидат вклучени во процесите на донесување на одлуки на локално ниво и како да бидат активни во својата заедница.
 
Продуктивноста на работилницата беше на високо ниво и покрај тоа што бројката на присутни беше ограничена, учесниците на истата ги стекнаа потребните знаења и вештини со што истите во иднина ќе ги имаат потребните компетенции да ја мобилизираат заедницата и да имаат улога на мултипликатори на стекнатите вештини и знаења за да се иницираат процесите на комуникација вмрежување на сите засегнати страни во општеството и вклучување на повеќе млади и граѓани во демократските процеси односно вклучување во процесите на носење одлувки и политики кои ги засегаат самите нив.
Дискусиите кои се развија во самиот тек на работилницата јасно ги изразија потребите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните и младите и изнаоѓање на конкрени решенија за решавање на истите. Самата мотивација и активното учество на уесниците во целосната работилнца ја изрази потребата за едукација која може да произведе квалитетен младински и граѓански активизам. Генералниот заклучок од учесниците иако нивниот број беше ограничен е дека младите имаат потреба од вакви обуки со што би се подобрила генералната пракса и и моменталната состојба по прашањата на соработка и вмрежување на актерите во заедницата.
Овој проект се спроведува преку “Проектот за младинско изразување” на Младински Образовен Форум во партнерство со Младински Совет Крушево и Центар за Балканска соработка Љоја, финансиран од страна на Европската Унија.