Успешно реализиран настанот “Мотивациски викенд за млади” на НОВУС

НОВУС реализираше мотивациски викенд за млади каде успешни млади луѓе споделија многу искуства, практики за тоа како Граѓанскиот сектор, Младинскиот активизам и Еразмус+ програмата ја искористиле за напредок во животот, кариерата и бизнисот. Настанот траеше два дена каде исксутва споделија 6 говорници со лично искуство во граѓанскиот сектор, кои со учесниците покрај своето искуство отворија многу интересни и плодни дискусии за членството во граѓанскиот сектор, волонтерството на најразличен начин и во различни организации или институции, приватен сектор, култура и образование.

Покрај ова на денешниот настан беа изложени и младинските кампањи за Силни и Гласни млади, кои самите млади ги подготвија за подигање на свестта дека и тие се значајни во заедницата. И исто така беше презентиран Прирачникот за позитивни и иновативни практики од Западноевропските земји каде младите учествуваат во процесите на одлучување, кои се изработија во рамки на проектот “Силни и гласни млади- здрава и перспективна заедница” кој го спроведува НОВУС Струмица, а е во рамки на “Проектот за младинско изразување” на Младински Образовен Форум кој го спроведува во партнерство со Младински Совет Крушево и Центар за Балканска соработка Љоја, финансиран од страна на Европската Унија.