Реализирана работилница во рамки на проектот “Тhe future we want! Parallel lives!”

Во рамки на проектот “Иднината којашто ја сакаме! Паралелни животи!Трета едиција” НОВУС ја спроведе еднодневната работилница која им овозможи на учесниците да ги идентификуваат потенцијалните ризици и последици од сегрегацијата во училиштата бидејќи немаат можност да го запознаат „другиот“.Преку овој проект и оваа активност, учесниците имаа шанса да увидат како може да ги препознаат и надминат стереотипите и предрасудите кои произлегуваат од таквите непожелни процеси кои се случуваат насекаде во општеството, а започнувајќи уште во раните фази во животот на луѓето односно во основното и во средното образование. Работилницата се спроведе на 31.05.2021, во ресторан Тивериопол, а на истата присуствуваа 20 млади средношколци од општинските средни училишта во општина Струмица. Покрај оваа работилница, исти такви работилници ќе се реализираат и во Куманово и Струга, а истите ќе се фокусираат на зближување, како и разбирање на темите идентитет и мултикултурализам.

По нивното спроведување, учесниците од работилницата во Струмица и учесниците од другите два града, ќе учествуваат на Мировниот камп ќе се одржи на крајот од месец јуни во Охрид и ќе трае 5 дена. Сите тие ќе имаат можност да навлезат подлабоко во темите за меѓукултурно учење и надминување на стереотипите и предрасудите. За време на мировниот камп, учесниците ќе научат и за учеството на младите и ќе имаат можост да планираат локални акции коишто ќе ги спроведат во нивните заедници по враќањето дома.
Откако учесниците ќе бидат опремени со знаење и вештини, откако ќе го стекнат искуството од Мировниот камп, ќе бидат поддржани од ментори во спроведувањето на локална акција со цел да ги мултиплицираат своите знаења и да ангажираат повеќе млади луѓе во нивните локални заедници. Локалните акции ќе имаат за цел да кренат глас за сегрегација во училиштата. Акцијата ќе биде во форма на работилници, улична уметност, уметнички перформанси, герила акции, изложба на фотографии.