Настан во склоп на „Платформа за инвестиции во заедницата“ (ЦИП)

Центар за истражување и анализи НОВУС и Фондацијата за развој на образование и култура Албиз Ве покануваат да учествувате на средбата со локални НВО од Струмица, кое ќе се одржи на 03 јуни 2021 год. (четврток), со почеток во 17:00 часот, во просториите на ресторанот Тивериопол, Струмица.

Фондацијата за развој на образование и култура Албиз, во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица, го спроведуваат проектот „Платформа за инвестиции во заедницата (ЦИП).

Главната цел на проектот е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците.

Специфичната цел на проектот е зајакнување на капацитетот за собирање средства на локалните заедници преку иницијативи предводени од граѓански организации и јавно-приватни иницијативи.

Проектот ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Дебар и Струмица. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.

Времетраење на проектот е од јануари 2021 до април 2024 година.