Одржана средба со локални НВО од Струмица во склоп на „Платформа за инвестиции во заедницата“

На ден 03.06 во просториите на Ресторан Тивериопол се одржа првата од многуте средби и настани кои следуваат со граѓанските здруженија и бизниси од Струмица во склоп на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“, кој е имплементиран од Фондацијата за развој на образование и култура Албиз, во партнерство со Здружението Мултикултура од Тетово, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Центар за истражување и анализи НОВУС од Струмица.

На самиот настан беше претставен проектот и платформата која е креирана по успешни модели кои се спроведуваат во нашата држава и во светот со цел унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедниците, како и зајакнување на капацитетот за собирање средства на локалните заедници преку иницијативи предводени од граѓански организации и јавно-приватни иницијативи.