Сектор за Развој на Заедницата
Завршување на проектот: 30.06.2026
Зајакни ГО- Резилентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во С.Македониаја

Времетраење : 30 месеци (01.01.2024 – 30.06.2026)
Донатор: Европска Унија (EU).
Цел: Да ги зајакне локалните граѓански организации од осумте плански региони во Северна Македонија, со цел да придонесуваат активно во социо-економскиот развој. Ова се реализира преку унапредување на нивните компетенции за промовирање и поддршка на социјални претпријатија предводени од млади, кои ги зголемуваат економските можности за вработување.
Специфични Цели на проектот:
- Да се зајакнат локалните граѓански организации за да можат ефективно да поддржуваат млади луѓе и маргинализирани групи во основање и водење на социјални претпријатија.
- Да се промовира активно учество на младите во демократски процеси преку нивно вклучување во економски активности од јавен интерес.
- Да се поттикне економска интеграција на ранливи категории преку развој на иновативни и инклузивни социјални бизниси.
- Да се создадат поврзани, локално втемелени и одржливи платформи за учење и вмрежување на актери во еко-системот.
- Да се поддржи формулирање на политики засновани на добри практики и конкретни резултати од теренот.
Целна група и корисници на проектот?
- Младински граѓански организации кои работат на интеграција на ранливи групи.
- Нови социјални претприемачи, особено млади и жени од маргинализирани заедници.
- Широка група млади луѓе и жени кои ќе бидат вклучени во активности на социјалните претпријатија.
- Еко-системски партнери како што се јавни институции, компании, инвестициски мрежи и организации за поддршка на претприемништво.
Директни Корисници од проектот:
- Граѓански организации кои ќе добијат обука, алатки и ресурси за работа со социјални претприемачи.
- Идни социјални претприемачи кои ќе добијат поддршка во развојот на нивните идеи и пристап до менторство.
- Партнери од еко-системот кои ќе учествуваат во активности на заедничко учење, вмрежување и соработка.
Индиректни корисници од проектот:
- Млади, жени, и други маргинализирани лица кои ќе се вклучат во економски активности преку новите претпријатија.
- Постојни социјални претпријатија кои ќе добијат пристап до знаење, практики и поддршка преку мрежата.
- Мрежи на граѓански организации и претприемачки структури кои ќе го прошират својот фокус кон социјална инклузија.
- Носители на политики кои ќе добијат нови сознанија и препораки преку резултатите на проектот.
- Широка јавност која ќе биде информирана и вклучена преку кампањи и промоција на концептот на социјално претприемништво.
Активности во рамки на проектот:
- Мапирани посетени на граѓански организации
- Анализа на капацитети и потреби на локални грасрут организации
- Медиумска кампања на социјалните медиуми за подигање на свеста
- Обуки и Менторство за Градење на Капацитети
- Доделување на 10 под- грантови за поддржувачки програми
- Основање и имплементација на мрежа на Learning Labs (6 градови)
- Студија за поврзување на македонски ГРО со ЕУ поддршка (студија на случај и посети)
- Финален настан за промоција и вмрежување помеѓу повеќе сектори- организации, институции, компании, млади претприемачи и др.


