Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 05.06.2024

Две работилници за зајакнување на капацитетите на локални медиуми и новинари

На работилниците учествуваа вкупно 35 учесници од различни медиуми и организации, кои имаа можност да се запознаат и продлабочено да дискутираат за клучни теми поврзани со етичкото новинарство и современите предизвици во медиумското известување. Обуките опфатија:

  • Значењето и примената на Кодексот на новинари во секојдневното известување, со посебен фокус на дигиталниот контекст;
  • Справување со сензитивни теми и етички дилеми, преку конкретни ситуации и сценарија;
  • Улогата на новинарството во процесот на ЕУ интеграција, и важноста од професионално и информирано покривање на европски теми;
  • Споделување реални примери од праксата на обучувачите и практични вежби насочени кон унапредување на точноста, објективноста и балансираноста во медиумското известување.

Работилниците овозможија:

  • Продлабочено разбирање на етичките и професионалните стандарди во новинарството;
  • Размена на искуства меѓу учесниците од различни професионални средини;
  • Зголемување на мотивираноста кај младите новинари и медиумски работници да се вклучат во одговорно и квалитетно новинарство и да придонесуваат кон медиумски плурализам.

Активностите беа оценети како исклучително корисни од страна на учесниците, кои изразија подготвеност да применуваат нови етички и професионални пристапи во својата работа и да придонесат кон поодговорно и поквалитетно медиумско известување на локално ниво.

en_US