Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 14.10.2024
Дистрибуција на Водичи за справување со дезинформации во средните училишта во Струмица

Дистрибуирани водичи за справување со дезинформации во струмичките средни училишта
Центарот за истражување и анализи НОВУС спроведе целосна дистрибуција на „Водич за справување со дезинформации и лажни вести“ во трите средни општински училишта на територија на општина Струмица:
- ДСУ РЦСОО „Никола Карев“
- СОУ „Јане Сандански“
- СОУУД „Димитар Влахов“
Водичот беше наменет за ученици и наставници, со цел да помогне во развивањето на критичко размислување и медиумска писменост, како и да овозможи подобро препознавање и ефикасно справување со дезинформации и манипулативни содржини во современиот дигитален простор.
Содржината на водичот нуди практични совети, алатки и примери кои ја поддржуваат индивидуалната и колективната отпорност кон лажни вести, истовремено поттикнувајќи етичко и одговорно користење на медиумите.
Дистрибуцијата предизвика голем интерес и позитивни реакции од страна на образовниот кадар и учениците, кои го препознаа значењето на ваков тип едукативен ресурс во борбата против дезинформациите и зајакнувањето на информираната младина.
Оваа активност претставува дел од пошироките напори на НОВУС за промоција на медиумска писменост и унапредување на критичката анализа кај младите во локалните заедници.


