Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 23.01.2025
Снимање и промоција на подкаст серијал „Во Фокус“ за подигање на јавната свест за европската интеграција

Јавни дебати и подкаст епизоди за европските интеграции – во фокусот на јавноста
Како дел од активностите насочени кон зголемување на информираноста за европските интеграции и нивното локално значење, Центарот за истражување и анализи НОВУС успешно реализираше пет јавни дебати во формат на подкаст, со учество на релевантни експерти од различни области.
Целта на оваа иницијатива беше да се обезбеди достапно, јасно и ангажирачко објаснување на значењето на европските процеси преку разговори со стручни лица, кои понудија различни агли на темите, поврзани со демократијата, животната средина, безбедноста, младинското учество и медиумите.
Подкастот опфати пет епизоди, со следниве гости:
- Бојан Кордалов, експерт за комуникации – објавено на 15.11.2024
- Александар Илиев, консултант за политика и безбедност – објавено на 04.12.2024
- Арта Ќерими, еко-активист од ГО „ГО ГРИН“ – објавено на 17.12.2024
- Адреја Стојковски, извршен директор на ПРЕСПА Институт – објавено на 15.01.2025
- Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело – објавено на 23.01.2025
Во реализацијата беа вклучени модератор, видеограф и комуникациски тим, со цел да се обезбеди професионален и визуелно привлечен продукт.
Објавување и досег:
Сите епизоди беа објавени на посебен Јутјуб канал:
🔗 ВО Фокус – YouTube канал
Промоцијата се реализираше преку социјалните мрежи на НОВУС и Медија Флеш, а беа креирани и кратки видеа (reels) кои дополнително беа споделувани од самите гости, модераторот и следбениците.
Постигнат ефект:
Во период од три месеци, содржините достигнаа над 200.000 гледачи преку сите дигитални канали, при што најголем досег постигнаа токму кратките видеа, што укажува на релевантноста, достапноста и атрактивноста на форматот.
Оваа активност постигна клучна цел: да ги приближи комплексните теми поврзани со ЕУ интеграцијата до граѓаните, на разбирлив, интерактивен и модерен начин, поттикнувајќи отворена дебата и повисока свест за важноста на овие процеси во локалниот контекст.





