Сектор за Развој на Заедницата
Завршување на проектот: 31.01.2025
Промовирање на политичко учество и граѓански ангажман во изборните и политичките процеси

Времетраење : 13 месеци (01.01.2024 – 31.01.2025 )
Донатор: NED – Национаниот фонд за демократија
Цел: Главната цел на проектот беше преку продукција на подкаст да се овозможи простор за младинско креативно изразување, со фокус на промоција на дијалог, толеранција и меѓусебно разбирање. Подкастот служеше како дигитална медиумска алатка што ги поврзува младите од различни заедници, ги поттикнува на културен дијалог и ги охрабрува активно да учествуваат во општествените процеси.
Специфични Цели на проектот:
- Зголемување на излезноста и учеството на гласачите:
Да се постигне зголемување од најмалку 0.2% на вкупниот број избирачи во земјата, особено во регионите со традиционално ниска излезност, до следниот изборен циклус. Посебен акцент ќе се стави на младите и маргинализираните заедници, преку јавни информативни кампањи, промоција на алатката „Изборен навигатор“ и промовирање на онлајн системи за регистрација на гласачи.
- Подобрување на политичката писменост и ангажманот кај младите
Да се унапреди политичката писменост кај најмалку 30 млади лица и да се поддржат најмалку три младински иницијативи кои ќе бидат презентирани пред носители на одлуки до крајот на проектот. Ова ќе се реализира преку платформи како што е „Policy Hackathon“, со цел да се поттикне активно учество на младите во демократските процеси.
Целна група и корисници на проектот?
- Млади лица, особено новорегистрирани гласачи.
- Млади активисти и членови на политички партии.
- Млади од четирите плански региони: Југоисточен, Североисточен, Полошки и Пелагониски регион.
Директни Корисници од проектот:
- Млади лица кои ќе учествуваат во политичко-образовните кампањи за гласачи.
- Учесници во Академијата за младинско учество и ангажман (вклучувајќи млади од политички партии).
- Корисници на алатката Изборен Навигатор, која ќе им помогне да ги разберат политичките опции и сопствените ставови.
- Ученици или студенти кои ќе земат учество во работилници, форуми и обуки.
Индиректни корисници од проектот:
- Млади лица од таргетираните региони кои индиректно ќе бидат опфатени преку јавните кампањи, едукативни содржини и достапноста на алатките за политичко информирање.
- Семејствата и заедниците на младите, кои ќе добијат позитивно влијание од нивната зголемена политичка писменост и ангажираност.
- Политички партии и институции, кои ќе имаат подобро информирани и активни млади членови и граѓани.
- Граѓанските организации и медиумите, кои ќе имаат полесен пристап до ангажирана и обучена младина за иницијативи и застапување.
