Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 26.11.2021

Се одржа три-секторска консултативна средба во Струмица

Во рамки на настанот, Фондацијата „Албиз“ ја презентираше концепцијата и функционалноста на Платформата за инвестиции во заедницата. Дополнително, г. Горан Велески, ангажиран како надворешен експерт, ги изложи наодите од спроведеното истражување за состојбата на меѓусекторската соработка во локалната заедница.

Истражувањето покажа дека просечната перцепција за меѓусекторската соработка изнесува 2.7 од можни 5. Споредено по сектори, граѓанскиот сектор ја оцени соработката со 2.8, додека бизнис-секторот со 2.5. Како приоритетни потреби во заедницата беа идентификувани: унапредување на положбата на младите, промовирање на еднаквоста на жените и развој на локалната инфраструктура.

en_US