Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 01.04.2022

Средба за презентација на Повик за доделување грантови на граѓански организации

Се одржа средба со претставници од Општина Струмица кои официјално се приклучија кон Платформата за инвестиции во заедницата. На средбата беше презентиран Повикот за доделување грантови на граѓански организации, чија цел е преку механизам на ре-грантирање да се поттикне и поддржи ангажманот на локалните граѓански и грас-рут организации во спроведување на проекти од значење за заедницата.

Во рамки на презентацијата беа нагласени приоритетите за поддршка на иницијативи кои активно ги вклучуваат младите и жените во процесите на донесување одлуки, како и оние што придонесуваат за унапредување на нивната социо-економска положба. Предвидено е вкупно 14 организации да добијат финансиска поддршка во две фази – во првата фаза, реализирана во 2022 година, беа поддржани 7 иницијативи, додека во втората фаза во 2023 година беа поддржани дополнителни 7.

en_US