Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 01.09.2022
Работилници за градење капацитети и менторство на граѓански организации

Во рамки на активностите за унапредување на капацитетите на локалните чинители, беа реализирани работилници за градење капацитети и менторска поддршка на граѓански организации. Под водство на експертот Александар Стамболиев, претставници од Фондацијата „Албиз“, Регионалниот социјален пункт за Југоисточниот плански регион, организацијата ВК Актив, Етно ресторанот „Кај Виктор“, Europe House Strumica и Културен забавен живот активно работеа на развој на нова заедничка иницијатива.
Како резултат на менторскиот процес беа поставени темелите на проектот „Дневен простор за млади со попреченост“ – иницијатива чија цел е создавање инклузивен простор за социјализација, развој и поддршка на младите лица со попреченост во регионот.
Проектот беше подготвен за објава на Платформата за инвестиции во заедницата, која овозможува електронско финансирање (e-crowdfunding) на проекти од заеднички интерес. Со тоа, се отвора можност за ангажман на пошироката јавност и бизнис-заедницата во процесот на финансирање и поддршка на значајни локални иницијативи.



