Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 27.10.2022
Презентација на Платформата за инвестиции во заедницата на Регионалниот саем за социјални претпријатија

Во рамки на Регионалниот саем за социјални претпријатија, организиран од Регионалната канцеларија за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион, беше претставена Платформата за инвестиции во заедницата (Community Investment Platform – CIP).
Центарот за истражување и анализи НОВУС ја презентираше улогата на платформата како алатка за поддршка на социјалните претпријатија, занаетчии и поединци со иновативни идеи. Преку CIP, овие чинители добиваат можност да ги промовираат своите проекти пред пошироката јавност и да обезбедат финансиски средства за нивна реализација користејќи e-crowdfunding механизми.
Платформата беше препознаена како значаен ресурс за унапредување на локалната економија и социјалната инклузија, овозможувајќи директна поврзаност помеѓу креаторите на позитивни општествени промени и потенцијалните поддржувачи и инвеститори.



