Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 03.12.2022
Хуманитарен настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, беше организиран хуманитарен настан за прибирање финансиски средства во поддршка на лицата со попреченост и организациите кои работат во оваа област. Настанот се одвиваше во три фази: изложбен базар, работилница за рачни изработки и хуманитарна акција со поставени кутии за донации.
Целта на настанот беше да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и да се промовира важноста на еднаквоста и инклузијата како континуирана заложба на сите општествени чинители. Воедно, настанот ја потврди улогата на Платформата за инвестиции во заедницата како средство за мобилизација на ресурси и поддршка на локални иницијативи со социјално значење.
Активностите беа во согласност со пошироката цел на проектот – зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развој на меѓусекторски иницијативи насочени кон социо-економски напредок на заедницата и унапредување на нивната способност за прибирање финансиски средства преку граѓански и јавно-приватни партнерства.







