Сектор за Млади

Завршување на проектот: 31.12.2024

Зајакнување на младите и младинските совети во Струмица и Босилово

Времетраење : 5 месеци ( 20.08.2024 – 31.12.2024 )

Донатор:  Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD)

Цел: Да се зајакне учеството на младите во процесите на локално одлучување во општините Струмица и Босилово преку градење на капацитетите на локалните младински совети и нивно поврзување со локалната самоуправа.

Специфични Цели на проектот:

  • Да се идентификуваат и документираат специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат младите во урбани и рурални средини (Струмица и Босилово).
  • Да се подобрат вештините на младинските совети во областа на идентификување на потреби, планирање, пишување предлози, застапување и лобирање.
  • Да се создадат можности за директна комуникација и соработка помеѓу младинските совети и општинските власти.
  • Да се спроведат мали иницијативи кои ги адресираат приоритетните прашања идентификувани од младите во двете општини.
  • Да се промовира транспарентност, отчетност и континуитет на младинското учество преку завршен настан и препораки кон општините.

Целна група и корисници на проектот?

  • Членови на локалните младински совети на општините Струмица и Босилово.
  • Активни млади лица на возраст од 15 до 29 години кои сакаат да се вклучат во процеси на одлучување.

Директни Корисници од проектот:

  • Припадници на младинските совети кои ќе посетуваат работилници и активно ќе учествуваат во сите проектни активности.
  • Двајца ангажирани интервјуери и еден експерт за анализа на потребите и креирање методологија за анкета.
  • Претставници од општините кои ќе учествуваат на состаноци и финалниот настан.

Индиректни корисници од проектот:

  • Младите од општините Струмица и Босилово кои ќе имаат корист од иницијативите и подобрените капацитети на младинските совети.
  • Локалната заедница, преку подобрени услуги, младински простори и иницијативи.
  • Општинските власти преку добивање јасна слика за младинските приоритети и подобрена соработка со младинските тела.
  • Граѓанскиот сектор и други младински организации кои ќе можат да го искористат моделот за своја примена.
en_US