Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 27.09.2024

Јавен повик за експерт/ка за подготовка на методологија за истражување на проблемите на младите во општина Босилово и Струмица.

Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за експерт/ка за подготовка на методологија за истражување на проблемите на младите во општина Босилово и Струмица.

Главни задачи:

  • Развој на методологија за истражување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во овие општини;
  • Дефинирање на истражувачките прашања, методите на собирање податоци и начинот на анализа;
  • Обука и насоки за анкетарите кои ќе бидат вклучени во процесот на истражување;
  • Изготвување на извештај со клучни наоди и препораки.

Документи за аплицирање:

  • Професионална биографија (CV)
  • Писмо за мотивација
  • Финансиска понуда

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV и мотивациско писмо коешто одговара на потребите на овој отворен повик на мејл адресата contact@associationnovus.org со назнака „Апликација за  експерт/ка за изработка на методологија за истражување“ најдоцна до 27 септември, 2024 до 16:00 часот.  Како придружен документ потребно е да се испрати и финансиска понуда на експертот (изразена во денари во бруто износ).

Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.

Аплицирај
en_US