Сектор за Млади

Завршување на проектот: 30.06.2026

Младинска мрежа за финансиска писменост на ЈугоИстокот -EduFinHub

Времетраење : 24 месеци (01.07.2024 – 30.06.2026)

Донатор:  Цивика мобилитас (Civic Mobilities).

Цел: Да се подобри нивото на финансиската писменост кај младите лица, со особен фокус на ефективното управување со јавните и локалните финансии и препознавањето на појавата на корупција; 

Специфични Цели на проектот:

  • Да се утврди тековната состојба на нивото на финансиска писменост кај младите лица во југоисточниот регион и да се воспостави ефикасна методологија за нивно обучување
  • Да се подобри знаењето и да се унапредат вештините кај младите во однос на финансискиот контекст и финансиското опкружување во Република Северна Македонија, со фокус на справувањето со корупцијата при управувањето со јавните финансии;
  • Да се воспостави неформална мрежа (регионален Хаб) на млади и други релевантни чинители од финансиската област – „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ “EduFin Hub;

Целна група и корисници на проектот?

Примарната целна група на проектот се младите лица во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: Млади лица од 18 до 21 година и млади лица од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери, вработени и друго.  

Директни Корисници од проектот:

  • Млади лица од Југоисточниот регион (возраст 18–29 години) – ученици, студенти, вработени, фриленсери и други:
  • ќе учествуваат во истражување, обуки, настани и кампањи;
  • ќе стекнат знаења и вештини за финансиска писменост, транспарентност и антикорупција;
  • ќе бидат активно вклучени во сите фази од проектот.

Млади од трите микрорегиони:

  • Микрорегион Струмица (Струмица, Босилово, Ново Село, Василево)
  • Микрорегион Гевгелија (Гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран)
  • Микрорегион Радовиш (Радовиш, Конче)

Индиректни корисници од проектот:

  • Локалните заедници и институции (општини, образовни институции, јавни установи) – преку подобрено учество на млади граѓани во процеси на одлучување и зголемено разбирање на јавните финансии.
  • Семејства на младите лица – поради зголемената финансиска писменост и одговорност на нивните деца/млади членови.
  • Целото население на Југоисточниот регион – со долгорочни позитивни ефекти од зголемена транспарентност, одговорност и активизам против корупција.
  • Креатори на политики и носители на одлуки – преку увид во младинскиот став за финансии и корупција и нивната засилена вклученост.

en_US