Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 30.04.2024

EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех

Времетраење : 9 месеци ( 21.07.2023- 30.04.2024 )

Донатор: Фондација Отворено општество Македонија ( ФООМ)

Цел: Подобрување на деловното опкружување и подобар економски развој на регионот што промовира одржлив економски раст, привлекува инвестиции, го стимулира претприемништвото, ја подобрува продуктивноста и целокупната состојба на бизнис секторот преку ЕУ усогласеност и соработка со субјекти од другата страна на границата.

Специфични Цели на проектот:

  • Обезбедување на вредни сознанија и увид во состојбата на бизнис секторот во источна и централна Македонија, како и ресурси и препораки што може да се применат за поддршка на информираното донесување одлуки, стратегии за влез , соработка и раст на бизнисот на пазарот на ЕУ.
  • Зајакнување на деловните и претприемничките компетенции на жените во бизнисот, со цел промовирање на родовата еднаквост во претприемништвото и поттикнување на развојот на микро и МСП водени од страна на жени за одржлив економски раст.
  • Всадување на култура на усогласенот и етика во бизнисите во источна и централна Македонија согласно барањата и стандардите на Европскиот пазар со цел олеснување на пристапот за влез на самиот пазар и потенцијални соработки за заеднички развој со ЕУ партнери.
  • Креирање на функционална платформа за соработка и вмрежување на домашните бизниси со потенцијални соработници од ЕУ, заради стимулирање на регионална економска соработка, проширување на пазарниот опсег и поттикнување значајни деловни односи на ЕУ пазарот.

Целна група и корисници на проектот?

  • Сопственици на бизниси, менаџери и претприемачи во источна и централна Македонија;
  • Жени претприемачи и менаџери;
  • Деловни организации, организации за поддршка, стопански комори и трговски организации;
  • Институции во МК и во ЕУ одговорни за трговија, претприемништво и економски развој.

Директни Корисници од проектот:

  • Сопственици на бизниси и менаџери од Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот регион (учесници во обуките, истражувањето и платформата).
  • Жени претприемачи и менаџери кои ќе бидат дел од Академијата за деловни компетенции.
  • Претставници на компании кои ќе учествуваат на обуките за ЕУ усогласеност.
  • Компании што ќе бидат дел од истражувањето.
  • Бизниси што ќе се вмрежуваат преку B2B платформата (со ЕУ партнери, главно од Грција и Бугарија).

Индиректни корисници од проектот:

  • Вработените во бизнисите чии менаџери и сопственици ќе стекнат нови знаења и подобрат деловни практики.
  • Потенцијалните потрошувачи и клиенти на подобрените производи/услуги на МСП.
  • Локалната заедница (економски раст, вработување, подобра инфраструктура).
  • ЕУ бизнис партнери – компании од ЕУ (главно Грција и Бугарија) кои ќе се вмрежуваат со македонски субјекти.
  • Државни институции и локални самоуправи кои ќе имаат податоци за креирање подобри политики врз основа на резултатите од истражувањето.
  • Членките на стопански комори и деловни здруженија кои индиректно ќе добијат пристап до платформата и знаења преку нивните мрежи.
en_US