Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 28.10.2023
Прв модул од Академијата за деловни компетенции – Маркетинг

Во рамки на Академијата за деловни компетенции, беше реализиран првиот модул посветен на темата „Маркетинг“. На модулот учествуваа 20 жени претприемачки од различни делови на Југоисточниот регион.
Под менторство на предавачот Јован Сталевски, учесничките се запознаа со клучните концепти на маркетингот, развој на производ/услуга, поставување таргет-групи, дефинирање на вредносна понуда, канали на комуникација, како и основи на дигитален маркетинг.
Преку практични вежби и студии на случај, учесничките имаа можност да ги применат стекнатите знаења на свои конкретни деловни идеи и иницијативи. Модулот постави цврста основа за понатамошното унапредување на нивните бизнис компетенции и овозможи размена на искуства и вмрежување меѓу локални претприемачки.




