Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 21.09.2023
Отворен повик за експерт-истражувач за истражување на пазарот

Во потрага сме по динамичен и ангажиран експерт – истражувач во рамки на проектот „EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество, за истражување на пазарот и анализа на бизнис климата во Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот регион на Република Северна Македонија. Во оваа улога, ќе имате можност да го обликувате деловното опкружување и да придонесете кон отворање на нови можности за бизнис соработка со Европската Унија.
Одговорности и Задачи:
- Изработка на методологијата за истражувањето на пазарот.
- Собирање на информации од бизнисите преку анкетирање и фокус групи.
- Анализа на податоците и генерирање на извештај со резултатите од истражувањето.
- Подготовка на објавениот документ-репорт за заинтересирани страни.
Квалификации и Вештини:
- Диплома од релевантна област (на пример, економско науки, менаџмент, маркетинг и слично).
- Искуство во истражување на пазарот или сродна област ќе биде предност.
- Одлични аналитички вештини и способност за обработка на податоци.
- Извонредни комуникациски вештини.
- Способност за работа во тимска средина.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационно писмо на zdruzenienovus@gmail.com со наслов “Апликација за Истражувач на Пазарот”.
Пријавувањето е отворено до 21.09.2023.
