Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 11.07.2025

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ЕКО-ИНОВАТОРИ

Центар за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот Green Future by Empowering Cross-Border Communities for Environmental Action објавува јавен повик за млади иноватори од Република Северна Македонија и Република Србија за поднесување на иновативни, практични и одржливи решенија кои одговараат на локалните еколошки предизвици.

Целта на повикот е да се поттикне младинското учество во заштита на животната средина преку развој на идеи кои имаат потенцијал за реална промена и подобрување на локалниот еко-систем. Поднесените иницијативи треба да имаат јасно дефиниран проблем, предложено решение и план за имплементација на локално ниво.

2. Критериуми за аплицирање

  • Млади на возраст од 18 до 29 години
  • Државјани на Република Северна Македонија или Република Србија
  • Поединци или тимови (до 3 члена)
  • Иницијативи кои не се веќе финансирани или реализирани во ист облик
  • Подготвеност за активно учество во едномесечна менторска програма
  • Спремност за презентација на иницијативата на завршниот настан Green Future Conference

3. Упатство за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат онлајн апликациската форма достапна на следниот линк: https://forms.office.com/e/25w893y3uS.

Краен рок за пријавување: 10.07.2025 (Четврток) до 23:59 часот.

4. Избор на финалисти и награди

Ќе бидат избрани 5 финалисти чии иницијативи ќе добијат:
– Едномесечен менторски процес со еколошки експерти
– Презентација на иницијативата на конференцијата Green Future која ќе се организира во рамки на Youth Festival Струмица
– Можност за финансиска поддршка за пилот-имплементација на најиновативната иницијатива

5. Критериуми за селекција

Поднесените апликации ќе бидат оценувани од стручна комисија според следните критериуми:
– Релевантност на проблемот и идејата
– Иновативност на пристапот
– Реалност и изводливост на предложените активности
– Потенцијал за влијание врз заедницата
– Долгорочна одржливост на иницијативата
– Мотивација и квалитет на апликацијата

6. Контакт

За дополнителни информации во врска со јавниот повик, ве молиме контактирајте нè на:
📧 d.kirova@associationnovus.org
📞 077981775

Организаторот го задржува правото да не селектира апликации кои не ги исполнуваат условите или кои не одговараат на целите на повикот.

Аплицирај
en_US