Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 24.09.2025

Oтворен повик за учесници – Програма „Зајакнување на младите преку нови можности 2“ (YEEP 2)

Центарот за истражување и анализа НОВУС и СОС Детско Село Македонија во партнерство со BMZ и SOS Kinderdörfer Weltweit го објавуваат последниот повик за учество во програмата YEEP 2 – Зајакнување на младите преку нови можности.

Оваа програма има за цел да им помогне на младите лица на возраст од 16 до 35 години да стекнат практични знаења, да ги развијат своите лични и професионални компетенции и да направат чекор поблиску до сопствената кариера.

Како изгледа процесот?

  1. Проценка на потреби
    Секој учесник започнува со индивидуална проценка – разговараме за твоите интереси, амбиции и предизвици.
  2. План за индивидуален развој
    Заедно изработуваме персонализиран план кој ќе ти помогне да ги постигнеш твоите цели.
  3. Обукa за животни вештини
    Ќе научиш како да комуницираш поефикасно, да работиш во тим, да управуваш со времето и да поставуваш цели.
  4. Обукa за вработливост
    Практични сесии за изработка на CV, мотивациско писмо, симулации на интервјуа и техники за успешно претставување пред работодавачи.
  5. Пракса и стручни обуки
    Поврзување со над 25 компании од регионот за пракса или можност за вработување – според твоите вештини и интереси.
  6. Менторство и поддршка
    Личен ментор кој ќе те води низ целиот процес, ќе ги следи твоите резултати и ќе те мотивира.
  7. Вработување или самостојни иницијативи
    За најкреативните идеи нудиме менторска и финансиска поддршка за нивна реализација.
  8. Сертификати и коучинг
    По завршувањето добиваш 2 сертификати – еден за животни вештини и еден за вработливост.

📅 Временска рамка и рокови

  • Краен рок за пријавување: 24 септември 2025 (среда)
  • Период на активности: октомври – декември 2025
  • Локација: Струмица (со можност за комбиниран формат)

✅ Што добиваш?

  • Практични знаења и алатки за вработување
  • Личен ментор и индивидуален план
  • Можност за пракса и вработување во реални компании
  • Менторска и финансиска поддршка за твоја идеја
  • Сертификати кои ќе ја збогатат твојата биографија

🔗 Како да се пријавиш?

Кликни на копчето подолу, пополни ја апликацијата и станете дел од последната, 6-та група на YEEP 2. Ова е последната шанса за да бидеш дел од програмата!

Аплицирај
en_US