Сектор за Млади
Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 20.10.2025
ПРИКЛУЧИ СЕ КОН ТИМОТ НА НОВУС!

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува отворен повик за ангажирање на соработник кој ќе биде вклучен во реализацијата на нашите тековни и идни проекти.
Клучни одговорности:
- Подготовка, организација и координација на настани (обуки, конференции, јавни дебати, работилници и други активности)
- Изработка на промотивни и информативни материјали (дизајн на постери, брошури, презентации, визуели за социјални медиуми)
- Управување и развој на содржина за социјални медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn и други платформи)
- Поддршка во комуникација со партнери, институции и јавноста
- Учество во подготовка на извештаи и документи поврзани со проекти
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено високо образование (или студент во завршна година) општествени науки, комуникации, маркетинг, дизајн или сродни области
- Познавање на организација на настани и работа со различни целни групи
- Познавање и искуство со алатки за графички дизајн (Canva, Adobe пакет или слично)
- Активно користење на социјални медиуми и креирање содржина
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Способност за тимска работа и почитување на рокови
Што нудиме:
- Работа во динамична и креативна средина
- Можност за професионален развој и учество во национални и меѓународни проекти
- Вклученост во иницијативи со силно општествено влијание
Апликација: Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-пошта: zdruzenienovus@gmail.com со назнака „Апликација – Соработник“ најдоцна до 20.10.2025.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Аплицирај