Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 20.11.2025

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање надворешен експерт за истражување, анализа и подготовка на документи за политики

Центарот за истражување и анализа НОВУС – Струмица објавува Јавен повик за ангажирање на надворешен експерт за спроведување истражување, анализа и подготовка на документи за препораки и буџетски мерки.

Овој повик се објавува во рамки на проектот: „Талентирани, Амбициозни, Активни – ТАА“, кој се спроведува во рамки на проектот„Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, согласно Грант договор IPAIII/2022/441-800, спроведуван од: Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) – носител, Полио Плус – Движење против хендикеп, Асоцијација за Демократски Иницијативи (АДИ).

Целта на ангажманот е да се спроведе професионално и методолошки усогласено истражување кое ќе ги идентификува:

  • бариерите во образованието,
  • бариерите во вработувањето,
  • пристапот до институции,
  • степенот на информираност за локални услуги и програми,
  • потребите, искуствата и ставовите на ранливите групи во Општина Струмица,со цел поддршка во креирањето на инклузивни, трансформативни и еднакви локални заедници.

Опфат на работа:

A1 – Подготовка и консултации

Експертот треба:

  • да спроведе иницијални состаноци со НОВУС
  • да подготви истражувачка методологија;
  • да дефинира категории и индикатори за мерење.

A2 – Разработување на инструменти за теренско истражување
Експертот ќе изработи:

  • Анкетен прашалник за минимум 200 испитаници;
  • Интервју-водич;
  • Водич за фокус групи;
  • Матрица за собирање податоци;
  • Етички протокол за работа со ранливи групи.

A3 – Менторирање на теренско истражување

Експертот ќе:

  • обработи теренски податоци од минимум 200 лица;
  • обезбеди точна евиденција и заштита на податоците.

A4 – Анализа и извештај

Експертот треба:

  • да изврши статистичка анализа на анкетата;
  • да подготви тематска анализа од интервјуата;
  • да изработи финален аналитички извештај со препораки.

A5 – Презентација на резултати

  • Подготовка на презентација;
  • Jавна презентација пред Општина Струмица, НВО, медиуми и јавност.

Потребни квалификации:

Образование:

  • Завршено високо образование во социјални науки, јавни политики, економија, право, педагогија или сродни области.
  • Магистер или докторски студии – предност.

Искуство:

  • Минимум 3 години искуство во истражување и анализа;
  • Искуство со работа со ранливи групи;
  • Искуство со подготовка на policy документи;
  • Искуство со квантитативни и квалитативни методи.

Вештини:

  • Пишување извештаи;
  • Анализа на податоци (Excel/SPSS);
  • Комуникациски и презентерски вештини.

Потребни документи за апликација

Кандидатите треба да достават:

  • CV
  • Кратко мотивациско писмо
  • Финансиска понуда (вкупен износ)

Рок и начин на аплицирање:

Документите се доставуваат електронски на: contact@associationnovus.org
Со назнака:
„Апликација за ангажман – Експерт ТАА 2025“
Краен рок: 20.11.2025

Напомена:

Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.

Аплицирај
en_US