Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 22.12.2027

Најава за проект: DigiCBCTourism – RH2TF

Проектот DigiCBCTourism – RH2TF, финансиран во рамки на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија, има за цел да придонесе кон интегриран и инклузивен локален развој преку унапредување на одржливиот туризам и заштитата на културното наследство.

Проектот се имплементира во партнерство помеѓу Археолошки музеј – Сандански, Историски музеј – Петрич, Музеј на град Виница, Центар за истражување и анализи НОВУС – Струмица и Здружение за култура и креативни индустрии КУЛТ-ТРАНЗЕН, кои заеднички ќе придонесат кон развој и имплементација на иновативни решенија во прекуграничниот регион.

Проектот се фокусира на справување со заедничките предизвици во прекуграничниот регион, како што се негативните демографски трендови, економските нееднаквости, ограничените можности за вработување, недоволната дигитална трансформација и недоволно развиената туристичка инфраструктура.

Преку иновативен пристап, DigiCBCTourism ќе развие напредна GIS дигитална платформа (TechHeritage), која ќе овозможи мапирање, управување и промоција на културното наследство. Дополнително, проектот ќе вклучи изработка на 3D модели, виртуелни тури, виртуелен музеј, како и креирање на културни рути за дигитални номади и уметници.

Со овие активности, проектот има за цел да:

• го зголеми туристичкиот интерес и посетеност за најмалку 20%;
• ја зајакне локалната економија;
• ги унапреди дигиталните вештини кај населението;
• поттикне вработување и задржување на младите;
ја подобри прекуграничната соработка и поврзаност.

DigiCBCTourism претставува современ и одржлив модел кој ги комбинира културното наследство и дигиталната трансформација, со цел создавање долгорочни придобивки за локалните заедници и регионот во целина.

en_US