Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 02.04.2026
ОДРЖАН ЛЕARNING LAB ВО ГЕВГЕЛИЈА: ГРАДЕЊЕ НА МРЕЖА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Во Гевгелија, успешно се одржа Платформата за заедничко учење и соработка на тема „Градење на одржлива мрежа за социјално претприемништво – стратешко поврзување, дигитални алатки за соработка и одржливост на мрежата“ во рамки на проектот RAISE CSO’s.
Настанот обедини претставници од локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и потенцијални социјални претпријатија, со цел зајакнување на меѓусекторската соработка и развој на локални решенија за социјално претприемништво.
💬 Во фокусот беа:
- можностите за подобра соработка меѓу општините и социјалните претпријатија
- предизвиците и недостигот на локални политики
- улогата на младите во креирање промени
- дигитални алатки за полесна комуникација и поголема видливост
Во текот на работната сесија беа отворени клучни прашања поврзани со потенцијалите за соработка меѓу социјалните претпријатија и општините, недостатоците во постоечките локални политики, како и улогата на младите во развојните процеси.
Посебен фокус беше ставен на користењето на дигитални алатки за подобра координација, размена на информации и зголемување на видливоста на социјалните претпријатија.
Во завршниот дел од настанот беа дефинирани првични заклучоци и можни краткорочни активности за зајакнување на соработката, како и следните чекори во рамки на Learning Lab мрежата.
Настанот заврши со неформално вмрежување и дискусија меѓу учесниците, со цел продлабочување на партнерствата и размена на идеи за идни заеднички иницијативи.


