Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 20.11.2026

ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање експерти/обучувачи за спроведување обуки за волонтери за работа со заедницата

Здружението за граѓани Центар за истражувања и анализи НОВУС – Струмица, во рамки на проектот „CARE HUB – Центар за благосостојба и грижа“, кој се реализира со финансиска поддршка од ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје, објавува јавен повик за ангажирање квалификувани експерти/обучувачи за подготовка и реализација на обуки за волонтери за работа со локалната заедница.

1. За проектот

Проектот „CARE HUB – Центар за благосостојба и грижа“, под мотото „Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.“, претставува мобилна иницијатива насочена кон подобрување на благосостојбата, здравјето, солидарноста и активното граѓанско учество во 10 општини од Југоисточниот плански регион.

Една од клучните компоненти е воспоставување локална волонтерска мрежа преку вклучување на најмалку 50 волонтери, обучени за учество во мобилни CARE HUB активности, едукативни работилници, хуманитарни и еколошки акции.

2. Предмет на јавниот повик

Избор и ангажирање надворешни експерти/обучувачи за подготовка и реализација на вкупно 2 обуки за волонтери за работа со заедницата, во рамки на буџетската ставка А2.1.

Област 1: Волонтерство, активно граѓанство и организација на локални активности

  • Основни принципи, вредности и значење на волонтерството;
  • Права, обврски и одговорности на волонтерите;
  • Активно граѓанство и граѓанско учество;
  • Планирање и спроведување локални настани и волонтерски акции;
  • Идентификување потреби на заедницата и мобилизација на граѓани.

Област 2: Комуникација, лидерство и работа со различни целни групи

  • Комуникациски и презентациски вештини;
  • Тимска работа, лидерство и решавање конфликти;
  • Инклузивен пристап и работа со ранливи категории;
  • Емпатија, солидарност и одговорност кон заедницата;
  • Промоција на здрави животни навики и заштита на животната средина;
  • Практични методи за работа со граѓани.

Конечната програма и распределбата на содржините ќе бидат усогласени со проектниот тим на НОВУС.

3. Работни задачи и одговорности

  • Подготовка на детална програма, агенда и методологија;
  • Разработка на едукативни содржини, презентации и практични групни вежби;
  • Реализација на интерактивни обуки со методи на неформално образование;
  • Приспособување на содржините кон потребите на волонтерите;
  • Подготовка и навремено доставување список на потребни материјали;
  • Координација со проектниот тим на НОВУС;
  • Подготовка на краток извештај по секоја реализирана обука.

НОВУС е одговорен за организациската и логистичката поддршка, вклучително простор, координација со учесниците и обезбедување материјали согласно одобрениот буџет.

4. Потребни квалификации

  • Релевантно образование во општествени науки, педагогија, психологија, социјална работа, младинска работа или сродна област;
  • Докажано искуство во спроведување обуки и едукативни активности;
  • Познавање на волонтерство, неформално образование и активно граѓанство;
  • Искуство со млади, волонтери или локални заедници;
  • Комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Предност имаат кандидати со искуство во волонтерски менаџмент, младинска работа, локални иницијативи и работа со ранливи категории.

5. Времетраење и место на ангажман

Предвидени се две обуки согласно оперативниот план. Датумите, локацијата, времетраењето и бројот на учесници ќе се утврдат со проектниот тим. Кандидатите можат да аплицираат за една или двете обуки. Ангажманот ќе се регулира со соодветен договор.

6. Финансиски услови

Износот претставува вкупен планиран трошок по обука. Условите за исплата ќе бидат регулирани со договорот.

7. Начин на пријавување

  • Кратка професионална биографија (CV);
  • Кратко мотивациско писмо;
  • Предлог-концепт за обука со теми, цели, резултати и методологија;
  • Информација дали кандидатот аплицира за една или двете обуки;

Пријавите се доставуваат на: contact@associationnovus.org

Назнака: „Пријава за обучувач на волонтери – CARE HUB“

Краен рок за пријавување: 19.11.2026

8. Постапка за избор

  • Релевантност на образованието и професионалното искуство;
  • Искуство во обуки за волонтери и работа со заедницата;
  • Квалитет и применливост на предложената програма;
  • Познавање на методите на неформално образование;
  • Достапност за реализација.

НОВУС го задржува правото да ангажира еден или повеќе обучувачи, во зависност од потребите и квалитетот на пријавите.

9. Дополнителни информации

Контакт: contact@associationnovus.org

Центар за истражувања и анализи НОВУС – Струмица

„Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.“

Проектот се реализира со финансиска поддршка од ДМ Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје.

Аплицирај
en_US