Нашиот Тим

Програмски Менаџер на Сектор за млади

Ана Клесова Велковска

Ана Клесова Велковска е дипломиран правник со специјализација во областа на граѓанското право и сертифициран работник со млади, признат од Министерството за образование и наука и Сојузот за младинска работа. Има стекнато бројни меѓународни дипломи и признанија во областите на младински политики, човекови права и развој на заедницата. За нејзиното континуирано усовршување, Ана учествуваше во неколку академии за младински и граѓански активизам, како и за управување со проектен циклус, што ја обезбедуваше со практично и теоретско знаење за имплементација на различни проекти и иницијативи.

 

Низ годините, Ана ја прошируваше својата стручност преку магистерски студии за Европско право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со цел да ја надгради својата академска и професионална подготовка за работа во областа на европското право и политиките за развој на заедницата.

 

Таа започна својата кариера како Проектен Асистент, но со текот на времето нејзината посветеност и лидерски способности ја одведоа до улогата на Проектен Координатор, фасилитатор и тренер на многу Erasmus+ младински размени и тренинзи, што и овозможи активно учество во меѓународни младински иницијативи. Анa има одлично разбирање за потребите на младите и со години работи на развој на млади лидери и промоција на активното младинско учество во заедницата.

Од февруари 2021 година, Ана ја извршува сениорската позиција на Координатор на мрежа и програмски менаџер во Europe House Струмица, канцеларија на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, каде активно работи на спроведување на проекти и иницијативи кои имаат за цел унапредување на европските интеграции и поддршка на младинскиот сектор во државата. Таа е одговорна за координација на различни европски проекти, како и за промоција на вредностите на Европската Унија во Северна Македонија.

 

Дополнително, од мај 2022 година, Ана е член на Надзорниот одбор на Националниот младински совет на Македонија, каде има клучна улога во дефинирањето на младинските политики на национално ниво, како и за промоцијата на младинскиот активизам и нивната интеграција во процесите на донесување на одлуки.

 

Ана има докажано лидерство и посветеност во работата со млади, како и во креирањето и имплементирањето на проекти кои се фокусирани на унапредување на човековите права, младинските политики и демократските вредности. Со својот огромен ентузијазам и високо развиените компетенции за работа со различни меѓународни организации, таа е значаен активист во полето на младинските и граѓанските права, кој продолжува да има позитивен ефект на младите и на општеството во целина.

en_US