Услуги

Поттикнување на Социјално претприемништво

Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди широк спектар на услуги за поттикнување и развој на социјалното претприемништво, со цел создавање одржливи иницијативи кои комбинираат економска активност и општествено влијание. Нашите услуги вклучуваат:

  • Обука, менторство и коучинг за социјално претприемништво: Организираме обуки и обезбедуваме поддршка за градење капацитети кај организации и поединци, со акцент на планирање, управување и развој на социјални претпријатија.
  • Консултантски услуги за изработка на социјален бизнис план: Помагаме во изработка на детални и одржливи бизнис планови, кои ги интегрираат општествените цели со економската одржливост.
  • Оценка и анализа на социјалното влијание: Спроведуваме социјална ревизија за утврдување на влијанието на социјалните претпријатија врз заедницата и нивната ефикасност во постигнување на поставените цели.
  • Менторство и консултантски услуги за непрофитни организации: Нудиме поддршка при планирање и развој на продажба на услуги и производи, со цел да се зајакне финансиската одржливост на организациите.
  • Трансформација во социјално претпријатие: Обезбедуваме консултантска поддршка за организации кои сакаат да ја трансформираат својата структура во социјално претпријатие, вклучувајќи правни и оперативни насоки.

Преку овие активности, НОВУС го поттикнува социјалното претприемништво како иновативен начин за решавање на општествените и економските предизвици, создавајќи нови можности за развој и вработување во локалните заедници. Нашата визија е да овозможиме платформа за одржлив раст, кој ќе донесе позитивни промени и ќе инспирира нови генерации на социјални претприемачи.

en_US