Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 17.10.2024

Јавен повик за ангажирање на двајца едукатори/ки за одржување на Едукативни Работилници и Сесии за Менструално здравје 

Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за двајца едукатори/ки за одржување на Едукативни Работилници и Сесии за Менструално здравје во рамки на проектот “Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје” чија реализација е овозможена од dm дрогерие маркт.

Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот, предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Планирање,организирање и спорведување на 8 работилници во 8 различни Средни училишта од Југоисточниот плански регион.
  • Паралелно спроведување на обуки и за наставниците и здравствени работници, со цел зголемување на нивната свесност за важноста на менструалното здравје и обезбедување на поддршка за учениците.
  • Изработка на програма и агенда за работилниците и обуките.
  • Одржување на работни состаноци и координација со проектниот тим(во текот на целиот ангажман).

Потребни квалификации

  • Високо образование од областа на психологијата или здравството
  • Претходно искуство во едукативни и тренинг програми, особено со млади.
  • Развиени комуникациски вештини и способност за пренесување на чувствителни теми на разбирлив начин.
  • Способност за работа со различни возрасни групи (ученици и наставници).
  • Посветеност и разбирање за темата на менструално здравје и неговото значење.

Предност ќе имаат кандидатите кои:

  • Имаат претходно искуство со млади и со теми од областа на репродуктивното и менструалното здравје.
  • Се здравствени работници (гинеколози, медицински сестри) или психолози со искуство во работа со млади.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1. Кратка биографија (CV)

2. Мотивациско писмо (Ве молиме во мотивациското писмо да наведете како вашето претходно искуство и квалификации одговараат на задачите и целите на проектот)

Документите треба да се испратат на е-маил: contact@associationnovus.org најдоцна до 21.10.2024 (понеделник).

Аплицирај
en_US