Сектор за Развој на Заедницата
Завршување на проектот: 31.03.2026
Механизми за заштита на медиумските права и поддршка за локалните новинари

Времетраење : 12 месеци (01.04.2025 – 31.03.2026)
Донатор: Финансиран од ЕУ: “SafeJournalists Network”
Цел: Унапредување на правата на локалните новинари (со посебен фокус на новинарките) преку едукација, подигање на свеста и зајакнување на капацитетите за детектирање, пријавување и застапување во случаи на повреда на нивните права.
Специфични Цели на проектот:
- Да се обезбедат сеопфатни едукативни програми за подигање на свеста за локалните новинари, особено за новинарките, за нивните права, етичките стандарди и механизмите достапни за пријавување на прекршувања на слободата на медиумите.
- Да се развијат кампањи за застапување со цел промоција и заштита на правата на новинарите, со фокус на новинарките, во локалните заедници и кај релевантните чинители, вклучувајќи ги медиумските организации и креаторите на политики.
- Да се создадат и зајакнат локални мрежи на новинари, медиумски организации и граѓански организации за да се обезбеди континуирана поддршка, насоки и ресурси за оние кои се соочуваат со прекршувања или закани врз нивните права.
- Да се адресираат специфичните предизвици со кои се соочуваат новинарките и да се промовира родова еднаквост во медиумите преку понуда на целна обука, поддршка и застапување за надминување на пречките и заштита на нивните права.
- Да се воспостави одржлив систем за следење на прекршувањата на правата на новинарите, со цел ваквите инциденти да се пријавуваат, документираат и навремено да се постапува по нив, со акцент на безбедноста и благосостојбата на новинарките.
Целна група и корисници на проектот?
Главната целна група се локалните новинари и медиумски работници во Југоисточниот регион, со посебен акцент на жените новинари, кои често се соочуваат со родови предизвици и ограничен пристап до ресурси за заштита на нивните права.
Активности на проектот:
- Повик за учество во обуки за следење и известување за прекршување на правата на новинарите
Ќе биде објавен јавен повик за учество на обука наменета за новинари и претставници на граѓанскиот сектор. Тие ќе бидат обучени да идентификуваат, документираат и пријавуваат прекршувања на правата на новинарите, со цел јакнење на локалните капацитети за заштита на медиумите.
- Анализа на состојбата и мапирање на локалните проблеми
Ќе се спроведе детална анализа на локалните предизвици поврзани со правата на новинарите, со посебен акцент на клучните закани, особено оние што ги засегаат жените новинарки, за да се информираат целните интервенции.
- Информативни сесии за подигање на свеста
Ќе се организираат три локални инфо-сесии со цел да се информираат новинарите за нивните права и достапните механизми за заштита. Сесиите ќе поттикнат соработка помеѓу медиумските работници, правните експерти и граѓанските организации за поефективно застапување.
- Кампањи за застапување и подигнување на свеста
Преку мултимедијална кампања за застапување, ќе се зголеми јавната свест за правата на новинарите и слободата на медиумите. Кампањата ќе вклучува активности на социјалните мрежи и јавни настани за градење поддршка од заедницата за слободата на медиумите.
- Формирање локална мрежа за следење и пријавување
Ќе се формира локална мрежа што ќе ги поврзува новинарите и граѓанските организации за систематско следење и пријавување на прекршувањата. Мрежата ќе користи практични алатки за известување и ќе има воспоставени процедури за брза реакција.
- Изработка на извештаи и финална конференција
Ќе се подготви сеопфатен завршен извештај со преглед на активностите и постигнатите резултати од проектот. Извештајот ќе биде презентиран на јавна конференција, каде ќе се вклучат засегнатите страни во дискусија за одржување на напорите за заштита на правата на новинарите.